Покетино одговори на шпекулациите кои ги поврзуваат Меси и Рамос со ПСЖ

by
1 минути читање

Покетино вели дека Меси и Рамос се добредојдени во ПСЖ иако не сака конкретно да зборува за гласините.

„Ги оставаме шпекулациите настрана. Но сите големи фудбалери се добредојдени во ПСЖ“, вели Покетино на прашањето дали има вистина во написите за Рамос и Меси.

„Сакам да му заблагодарам на претседателот Насер и спортскиот директор Леонардо што ми дадоа доверба да го водам овој голем клуб и да се вратам повторно тука“.

„Ова е еден од најголемите клубови, ако не и најголем во светот, па нормално е да се шпекулира за доаѓање на најголемите играчи. Но јас само што дојдов и ќе ги оставам шпекулациите настрана“.

„ПСЖ е еден од најголемите клубови во светот, тешко е да се споредува со Тотнем бидејќи тоа се два различни клубови. Имам неверојатни спомени од Лондон. Но фокусиран сум на нашиот прв натпревар“.

„Тука ги имам најдобрите фудбалери во светот и подготвен сум да пречам и други такви“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×