Рамос е разочаран од тоа што му го нуди Реал Мадрид и нема намера да продолжи под тие услови, смета дека заслужил многу повеќе.
Раководството на Реал Мадрид му нуди помала плата од таа што ја има и договор на една плус една година, а тоа е неприфатливо за Рамос.
Информациите од Шпанија велат дека Реал Мадрид повеќе е фокусиран на ангажирање на замената за Рамос отколку продолжување на неговиот договор.

Тие се фаворити во трката по Давид Алаба, му нудат богат и долгогодишен договор од најмалку четири години.
Алаба е шест години помлад од Рамос и Реал Мадрид смета дека подобро за иднината на клубот е да вложат во него отколку да му го продолжат договорот на капитенот и покрај тоа што можеби ваквата одлука нема да биде популарна меѓу навивачите.