158
„Каталонците“ се силно погодени од коронавирус кризата и играњето без публика. Клубот има намалени приходи и бараше од играчите да прифатат големо кратење на платите за да не биде прогласен банкрот.
Раководство бара начин плус како да се заштеди, па затоа на гостувањето кај Уеска се патувало со автобус а не со авион.
Во Барселона пресметале дека чартер летот до Уеска поради ковид-19 протоколите, горе-долу ќе одземе исто време како и патување со автобус.
Со оглед на тоа дека патувањето со автобус чинело 30.000 евра помалку, паднала одлука да се патува со автобус.