167
Според „Спортски Журнал“, Пикси кој преговараше со Српската фудбалска федерација не се договори, по што Саво Милошевиќ остана единствениот кандидат за нов селектор.
Милошевиќ откако замина од Партизан изјави дека нема намера веќе да работи во српскиот фудбал, но водење на репрезентацијата сепак е нешто друго.
Тој веќе имал првични разговори со федерацијата и иизразил подготвеност да стане селектор. Се очекува во текот на оваа недела и официјално да биде назначен за нов селектор.