354
Иако не се исклучува можноста и да остане во Арсенал, Себаљос изјави дека сонува за враќање во Реал Мадрид.
„Мојата цел е еден ден да се вратам во Реал Мадрид и да бидам важен играч за најдобриот клуб во светот“, вели Себаљос за „Кадена Сер“.
„За сите фанови на Реал Мадрид, доаѓањето на Зидан е добро. Секој тренер си има свои вкус на фудбалери. Тој ми рече дека ми е потребно повеќе да играм. Беше јасен со мене“.
„Потпишав долгорочен договор со Реал Мадрид. Имам уште две и пол години. Мојата цел е да бидам успешен во Арсенал, но мојата желба е да го носам дресот на Реал Мадрид“.