Ковид-19 во Барселона, наместо на тренинг, сите на тестирање

by
0 минути читање

Подготовките на „каталонците“ за дуелот со Атлетик Билбао се пореметени. Клубот од Камп Ноу пријави два случаи на ковид-19 па наместо на тренинг, играчите утрово ќе се пријават на тестирање.

Резултатите од тестовите ќе ги диктираат следните чекори, односно кога ќе се одржи тренингот и дали ќе се патува во Баскија.

Заразени со коронавирус се членови од персоналот, но доколку новите тестови донесат нови случаи помеѓу играчите, може да се одложи натпреварот против Атлетик Билбао кој треба да се игра утре.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×