Ливерпул загуби од Саутемптон, трет меч по ред без победа во Премиерлигата (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Натпреварот беше решен уште во втората минута кога Ингс со убав лоб удар го совлада Алисон за водство на Саутемптон со 1-0. 

Во тој момент никој не веруваше дека тоа ќе биде единствениот гол на мечот, но беше.

Ливерпул до крајот напаѓаше, но не успеваше да создаде некои идеални шанси. 

Мечот имаше и контроверзен момент кога во почетните минути од второто полувреме не беше досуден пенал за Ливерпул по игра со рака на играч на Саутемптон.

Ливерпул останува на првото место во Премиерлигата со ист број на бодови како и Манчестер јунајтед кој има и меч помалку, а и Сити со победи на двата заостанати мечеви може да излезе пред црвените.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×