Јувентус потврди, Алекс Сандро е позитвен на ковид-19, го пропушта дербито со Милан

by
0 минути читање

Дефанзивецот на Јувентус, Алекс Сандро е позитивен на ковид-19.

„Јувентус соопштува дека по појавата на некои благи симптоми и проверка направена специјално за играчот Алекс Сандро, тестот покажа дека е позитивен на ковид-19. Тој веќе беше во изолација“, стои во соопштението на Јувентус.

Алекс Сандро одигра 83 минути во вчерашната победа на Јувентус од 4-1 против Удинезе.

Јувентус ќе биде без него на гостувањето кај Милан во среда, а можно е да бидат направени и тестови на другите фудбалери со цел да се види дали е можно да се раширил и на други играчи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×