Промена на правилата за полуфиналето и финалето во Карабао купот

by
1 минути читање

Во консултација со сите четири клуба кои останаа во Карабао купот е донесена одлука на клупата за резерви да има по девет играчи, а да биде дозволено да се направат пет замени.

Петте замени ќе можат да се направат во максимум три наврати.

Полуфиналните натпревари ќе се играат во еден меч, доколку заврши нерешено ќе има продолженија, а доколку и во нив нема победник, ќе се одлучува на пенали.

За разлика од претходните мечеви во овој куп, ВАР ќе биде присутен во преостанатите три меча.

Утре Тотнем го пречекува Брентфорд, а во среда се игра дербито на Манчестер меѓу Јунајтед и Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×