Тотнем има уште два чекори до трофеј под водство на Мурињо, едниот е утре, полуфиналето против Брентфорд, а ако се пласираат во финале ќе играат против некој од клубовите од Манчестер кои ја сочинуваат другата полуфинална двојка.
Иако се работи за дуел против екипа од Чемпионшип, Мурињо вели дека тоа е неговиот најзначаен натпревар на клупата на Тотнем во досегашниот дел бидејќи победа ги носи во финале.
Запрашан дали е ова неговиот најголем натпревар откако е тренер на Тотнем, Мурињо одговори: „Да, мислам дека е. Ако земеме во предвид дека клубот веќе долго време брка трофеј би рекол да. Ние секогаш имаме значајни натпревари. Минатата сезона имавме меч кај Кристал Палас кој беше клучен за пласман во Лига Европа. Полуфинале секогаш е многу значаен меч, позначаен од полуфинале е само финале“.
„За мене секое натпреварување е важно, секогаш така гледам на работите. А Тотнем нема освоено трофеј повеќе од една декада, тоа го прави ова натпреварување уште поважно за нас“.