420
Жозе Мурињо не сака да се откаже од Деле Али и покрај тоа што ретко го игра како стартер а се случува да не влезе ниту од клупата.
Португалецот сака да има квалитетна длабочина во тимот, па важно му е и оние кои се резерви да бидат добри фудбалери.
Раководството на Тотнем ја почитува одлуката на Мурињо и нема да го продаде Деле Али, па Покетино нема да губи многу време, веднаш се насочува кон играчот кој може да го добие.
Кристијан Ериксен е на излезна врата од Интер, Покетино многу добро го познава Данецот и сака да го има во својот тим.
Ова е реален трансфер кој им одговара на сите три страни, ПСЖ, Интер и самиот фудбалер. Во наредните денови се очекува да се конкретизираат работите.