Куман сака Барселона да се засили на три позиции, но приоритет е Ерик Гарсија

by
1 минути читање

Роналд Куман сака со централен дефанзивец, играч од средниот ред и напаѓач да го освежи тимот, но приоритет ќе биде ставен на дефанзивата, односно Ерик Гарсија.

19-годишниот Гарсија е примарна цел за Каталонците, тој беше дел од младинската школа на Барселона и тие лесно постигнаа договор за личните услови со него, но преговорите со Манчестер Сити не се одвиваат како што посакуваат.

Се верува дека Манчестер Сити игра тврдо и нема да го продаде играчот ако не ја добие сумата која што ја посакува, разликата меѓу двете страни наводно е два милиони евра.

Потребата за играч од средниот ред се јави по повредата на Кутињо, но раководството на клубот не планира по секоја цена да го засилува овој дел од теренот сметајќи дека има доволно играчи.

Куман не е задоволен од бројот на голови кои ги постигнуваат играчите на Барселона, синоќа ја победија Уеска со само 1-0 со погодок кој го постигна Де Јонг.

Желба уште кога дојде на Куман му беше ангажман на Мемфис Депај, и тоа останува, тој сака клубот да се потруди да му го донесе во овој преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×