Солшер ќе прави голема чистка во Манчестер јунајтед, ќе зборува со шест фудбалери од кои сака да се ослоби во јануари

by
0 минути читање

Солшер сака да го исчисти составот од играчи на кои нема да смета со цел да има простор за нови засилувања во летниот преоден рок.

Тој составил листа од шест фудбалери кои сака да го напуштат клубот во јануари без разлика дали тоа ќе биде позајмица или перманентен трансфер.

На листата се наоѓаат Фил Џонс, Маркос Рохо, Серхио Ромеро, Даниел Џејмс, Џеси Лингард и Брендон Вилијамс.

Во наредните денови треба да пристигне и новото засилување на Манчестер јунајтед, Амад Диало кој доаѓа од Аталанта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×