Манчестер Сити спроведе интерна истрага и веројатно ќе го казни Менди поради прекршување на протоколите откако тој викнал неколку пријатели во својот дом за новата година.
Менди синоќа остана на клупата на Манчестер Сити, но Гвардиола негира дека би отстранил од тимот поради тоа: „Не е отстранет, тој е дел од групата, еден од добрите момци, мора да има љубов во нашата група“.
„Тој е посебно момче за сите нас, има големо срце. Сакам да видам колку од луѓето што му седат имаат добри намери како што има тој“.
„Би било подобро пред да им судиме на другите, да си судиме себеси. Не го оправдувам, тој ги прекршил правилата. Се разбира дека не е добро тоа што го направил, но не му судете премногу. Можеби многу други луѓе го направиле истото. Лесно е да им судите на другите“.