Артета објасни зошто Тирни еден ден ќе биде капитен на Арсенал

by
1 минути читање

23-годишниот фудбалер покажа одлични перформанси против Вест Бромвич, а Артета го опишува како природен лидер кој еден ден ќе ја носи и капитенската лента.

Тирни во Арсенал пристигна од Селтик во август 2019 година за сума од 25 милиони фунти.

Иако е толку млад, тој веќе беше капитен на Селтик и на шкотската репрезентација. Запрашан дали тој може да биде идниот капитен на Арсенал, Артета одговори: „Мислам дека може да биде, бидејќи тој има почит и восхит од секој член од стручниот штаб и секој фудбалер“.

„Едноставно таков е, природно е таков. Тој е навистина срамежливо момче но мислам дека ги има сите вредности кои сакаме да ги инсталираме и кои се ДНК на овој фудбалски клуб“.

„Тој е срамежлив, но и скромен исто така. Тука дојде пред некое време, имаше навистина тешка повреда и е далеку од дома, но е природен лидер“.

„Можете да го видите неговото однесување на теренот, и кога зборува ги кажува вистинските работи, точно тоа што го бараме, па среќни сме што го имаме во тимот“.

„Мислам дека може да игра навистина добро и во нападот и во офанзивата. Се уште може да напредува, но во моментов е закана за противниците во нападот и е навистина солиден во дефанзивата. Тоа е тоа што ни треба од бековите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×