Ерик Ламела, Џовани Ло Селсо и Регилон групно славеа Божиќ, по што и клубот и Мурињо јавно го изкажаа разочарувањето од нивната постапка.
Ламела и Ло Селсо не беа дел од мечот против Лидс, а Регилон преседе на клупата.
Во вторник Тотнем го пречекува Брентфорд во полуфиналето од Карабао Купот. Ло Селсо е повреден и секако нема да биде во комбинација, но нема да игра и Ламела. Мурињо потврди дека нема да смета на Аргентинецот но не кажа дали тој е позитивен на ковид-19, или поради казна нема да настапи.
„Нема да игра, нема. Не е мое да ви кажам зошто. Ви кажувам само дека не може тој да игра против Брентфорд“, изјави Мурињо.
Ламела и Ло Селсо се извинија за своите постапки, но засега не и Регилон.