Со двата денешни гола против Удинезе, Роналдо дојде до бројка од 758 официјални голови, што е за еден повеќе од Пеле.
Што се однесува до натпреварот, Удинезе прв се израдува на погодок, но ВАР им го поништи поради играње со рака.
Роналдо во 31. минута постигна убав гол за водство од 1-0, а по четири минути игра Португалецот асистираше до Киеза кој реализираше за 2-0.
Во 52. минута Ремзи даде гол, но ВАР реагираше и овој пат поради играње со рака и го поништи голот.
На 20 минути пред крајот Роналдо го постигна својот втор гол на натпреварот за 3-0.
Несторовски во игра влезе во 74. минута, а во 90. Удинезе преку Зегелар намали на 3-1, но тоа не беше се, Дибала во 94. минута ги постави конечните 4-1.