Милан со играч помалку го победи Беневенто и се врати на врвот во Серија А (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан поведе по само 15 минути игра со гол на Кеси од пенал.

Но во 33. минута росонерите останаа со фудбалер помалку откако Тонали поради непотребен удар врз противнички фудбалер заработи директен црвен картон.

И покрај тоа што беше со фудбалер помалку, Милан не само што ја сочува предноста туку и го зголеми водството со гол на Леао по четири минути игра во второто полувреме.

Беневенто во 61. минута пропушти огромна шанса да се врати во игра, Капрари не реализираше пенал.

На крајот Милан победи со 2-0 и се врати на првото место во Серија А со бод повеќе од Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×