181
Барселона му даде супер засилување на својот ривал за трофејот, Атлетико Мадрид, Луис Суарез повторно беше херој на мечот.
Љоренте со гол во 41. минута донесе водство за Атлетико Мадрид од 1-0. На шест минути до крајот Фелипе си постигна автогол за израмнување на 1-1.
Но Луис Суарез во 90. минута по асистенција од Жоао Феликс погоди за победа од 2-1.
Ова беше четврти триумф по ред на Атлетико Мадрид кој на врвот има два бода повеќе од Реал Мадрид но и два натпревари помалку.