33-годишниот Бензема стартуваше на 15 од 17 меча на Реал Мадрид во Примера оваа сезона, само Тибо Куртоа и Рафел Варан играле повеќе минути од него.
По мечот Зидан беше запрашан дали на Бензема му е потребен одмор за да ја врати добрата форма во која беше претходно.
„Не мисилам дека е уморен. Мислам дека одигра добро и го извадив за друг играч да може да игра. Во добра серија сме, работите одат добро и треба така да продолжиме“, вели Зидан.
Азар откако се врати по повредата, добива по 15 минути на двата последни меча, Зидан вели дека Белгиецот полека ќе се враќа.
„Одиме малку по малку. Треба да одиме бавно со неговото враќање, да не го форсираме. Тој треба да се врати на своето најдобро ниво и не треба да избрзуваме. Тоа е тоа“.
Но, многумина сметаат дека за Азар во моментов нема место во стартниот тим порад одличната форма на Лукас Васкез и Асенсио, кога некој од нив ќе падне, тогаш Белгиецот ќе се врати во првите 11.