Ламела се извини: Се чувствувам засрамено

by
1 минути читање

Тотнем и Мурињо јавно го искажаа големото разочарување од Ламела, Ло Селсо и Регилон кои групно, со повеќе луѓе го прославија Божиќ, спротивно од насоките на клубот и англиските власти.

Ерик Ламела и Џовано Ло Селсо преку социјалните мрежи се извинија за својата постапка, Серхио Регилон се уште не го направил тоа.

„Сакам да се извинам за одлуката која ја направив за Божиќ и длабоко жалам поради тоа. Сега ја разбирам сериозноста на тоа што го направив и какво влијание има врз другите. Им благодарам на сите кои работат напорно за да бидеме безбедни и се чувствувам засрамено знаејќи дека ги разочарав луѓето“, вели Ламела.

Големо каење изрази и Ло Селсо.

„Сакам да им се извинам на сите, ја разбирам големата пожртвуваност на луѓето за да се одржат тие и своите луѓе безбедни и фрустрациите кои ги имате кон мене се оправдани. Ја прифаќам одговорноста за моите постапки за кои длабоко жалам. Исто така сакам да изразам голема почит за сите оние кои работат напорно за да бидеме безбедни и ќе направам се за да бидам подобар пример во иднина“, вели Ло Селсо. 

Од Регилон се уште нема реакција иако Мурињо посебно го потенцираше разочарувањето од него бидејќи претходно му подари печено прасе мислејќи дека сам ќе слави дома.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×