Премиерлигата никогаш претходно немала дуо како Кејн и Сон, двајцата продолжуваат да рушат рекорди

by
1 минути читање

Сон го постигна својот 100ти гол во дресот на Тотнем и тој беше по асистенција на Хари Кејн.

Ова беше вкупно 13. гол оваа сезона во Премиерлигата даден по соработка на Кејн и Сон. Уште не е ни половина од сезоната а тие го израмнија рекордот на Ширер и Сатон по број на голови дадени по меѓусебна соработка. Фактот што го направија тоа толку рано ги прави најдобриот тандем во историјата на Премиерлигата.

Хари Кејн им дал гол на сите 30 тимови против кој играл во Премиерлигата, Лидс денеска стана неговиот последен пациент.

Дополнително Хари Кејн е првиот играч во најдобрите пет лиги кој оваа сезона стигнал до дабл-дабл учинок, 10 голови и 10 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×