Англиските медиуми пишуваат дека Ло Селсо и Ламела биле позитивни на ковид-19 и тие не се во тимот за денешниот меч со Лидис, а Регилон е на клупата.
Тотнем излезе со соопштение за овој настан, веројатно ќе следуваат и казни за тројцата фудбалери.
„Екстремно сме разочарани и силно ја осудуваме оваа слика што прикажува како некои наши играчи со семејствата и пријателите заедно слават Божи, особено знаејќи дека сите во земјава прават голема жртва за да се одржи безбедноста за време на овој празничен период“, се вели во соопштението на Тотнем.
„Правилата се јасни, нема исклучоци, ние постојано ги потсетуваме сите наши фудбалери и стручниот штаб за последните протоколи и кои се нивните одговорности. Овој настан ќе се решава интерно“.
Разочараност изрази и Вест Хем за својт фудбалер Ланзини.
„Клубот ги постави највисоките можни стандарди со протоколи поврзани за ковид-19, па ние сме разочарани од однесувањето на Мануел Ланзини“, се вели во соопштението на Вест Хем.
