Поради крајно неодговорно однесување Осимен се зарази со ковид-19, фановите на Наполи се бесни (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Осимен нема одиграно натпревар за Наполи од 8. ноември, бидејќи на 13. ноември заработи повреда на должност со националнииот тим.

Тој се рехабилитираше во Антверпен, но во Неапол се врат позитивене на коронавирус.

„Наполи сака да соопшти дека Виктор Осимен е позитивен на коронавирус, синоќа беше тестиран веднаш штом се врати. Фудбалерот е асимптоматичен и не бил во контакт со никој од тимот“, се вели во соопштението на клубот.

Пред да се врати во Неапол, Осимен од Антвепрен отишол во својата Нигерија да си го прослави роденденот.

На роденденот присуствувале стотици луѓе без маски, пеејќи и играјќи веднаш до него. Не се почитувале никакви протоколи, па фудбалерот се заразил со ковид-19.

Фановите на Наполи се бесни на неодговорното однесување на Осимен, кој би можел да добие и казна од клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×