377
Тимот на Оле Гунар Солшер дојде до трите бода во дуелот со Астон Вила со кои се изедначи по бројот на бодови со Ливерпул.
Мрежите мируваа 40. минути кога Марсијал постигна гол за водство на Манчестер јунајтед од 1-0.
Траоре по асистенција од Грилиш погоди во 58. минута за израмнување на 1-1, но овој резултат траеше само три минути. Беше досуден пенал за Манчестер јунајтед по фаул врз Погба кој го реализираше Бруно Фернандеш за победа од 2-1.