Претходно беше потврдено дека Кајл Вокер и Габриел Жесус се позитивни на коронавирус, а потоа се одложи мечот меѓу Сити и Евертон поради нови позитивни случаи во тимот на Пеп Гвардиола.
„Засега ни недостасуваат пет играчи, тие се во изолација десет дена. Најпрво имавме два случаи, а потоа уште три“, вели Пеп Гвардиола.
„Мислам дека Премиерлигата не ни дозволува да ги соопштуваме имињата на играчите. Треба да ја почитувам приватноста. Кога ќе го видите составот ќе видите дека во него ќе недостасуваат тројца важни играчи, па точно ќе знаете кои се, но не можам јас да ви кажам“.
„Што се однесува до мечот со Евертон, имавме доволно играчи да настапиме против нив. Ја имаме и академијата. Сакавме да играме, но се зголеми бројот на случаи и ја информиравме Премиерлигата“.
„Лично му се јавив на Карло Анчелоти да му соопштам дека ние би можеле да играме, но што ќе се случи доколку патуваме и во меѓувреме се заразат повеќе играчи бидејќи денот претходно сите бевме во контакт“.
„Ризикот беше голем, бидејќи не се работи за тоа што се случува во Манчестер Сити, туку за тоа што се случува во светот“.