Меси ќе остане во Барселона до 2023 година, а потоа ќе се пресели во Интер Мајами?!

by
1 минути читање

Во неделата беше емитувано
интервјуто на на Лео Меси со Жорди Еволе, напаѓачот на Барселона не одговори дали
останува на Камп Ноу или ќе замине по крајот на кариерата, но призна дека сака
да живее во САД.

Новинарот Хозе Антонио
Понсет во емисијата „Ел Ларгеро“ сега проговори за плановите на Аргентинецот.

„Меси сака да
остане во Барселона и да се пресели во Мајами во 2023 година со цел неговите
деца да одат во средно училиште таму, а потоа и на универзитет“
– вели Понсет.

Тој исто така
откри дека Лео Меси пред година ипол купул апартман во луксузната Порше дизајн
кула, инвестиција вредна 8 милиони евра.

Сето ова упатува
на тоа дека Лео Меси ќе го одбере Интер Мајами, клубот на Дејвид Бекам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×