180
Победа за крај на
2020, „ѓаволите“ на Олд Трафорд го добија Вулверхемптон во натправар кој се
чинеше дека ќе заврши без голови.
Среќата го посака
Манчестер јунајтед или поточно Маркус Рашфорд, кој во 93. минута доби долка
топка од Фернандеш, си направи простор да бие, шутираше со лева, топката закачи
еден од дефанзивите на гостите, го измами голманот и заврши во мрежата.
Со овој триумф,
избраниците на Солшер скокнаа на втората позиција и имаат два бода помалку од
лидерот и актуелен шампион, Ливерпул.