По речиси 10
месеци неактивност, Марио Балотели ќе добие повик за настап. Како што
пренесуваат медиумите од Италија, контроверзниот напаѓач ќе биде дел од
составот на Монца за утрешниот дуел со Салернитана, мечот треба да го започне од клупата.
Под строг режим и
будното око на Адриано Галијани, Италијанецот ослабнал 5 кг за 20 дена и
заначително ја подобрил својата физичка подготвеност.
Директорот на Монца
не сакал ништо да ризикува, па „Супер Марио“ морал секој ден да му испраѓа
фотографии за прогресот кој го бележел.
И не само тоа, Адриано
Галијани барал Марио Балотели да живее на максимум 30 км од Монца, а не во
Бреша каква што била желбата на голгетерот. Во моментов тој престојува во хотел
и има возач кој го носи на тренинг за да не се изгуби.