Џон Тери даде мислење за контроверзниот момент на дуелот помеѓу Челси и Астон Вила и го впери прстот кон Кристенсен

by
1 минути читање

Челси синоќа
одново киксираше, дома одигра само 1-1 против Астон Вила. Жиру погоди во првиот
дел за водство, но Ел Гази по пет минути игра во продолжението изедначи.

Голот на Астон
Вила беше малку контроверзен откако на зачетокот на акцијата дојде до судир
помеѓу Андреас Кристенсен и Џек Грилиш, по кој дефанзивецот на Челси падна на
земија. Гостите не ја исфрлија топката, додека Данецот лежеше на земја и се жалеше на повреда, тие ја
продолжија акцијата која заврши со гол во мрежата на Менди.

По крајот на
натпреварот, еден навивач на Челси му пиша на Џон Тери, му порача дека треба да
биде бесен на Астон Вила бидејќи не бил покажан спортски дух, односно топката
да биде исфрлена во аут поради повреда.

Сепак, легендата
на Челс кој сега работи како помошник во Астон Вила, прстот го впери кон
Андреас Кристенсен и одговори: „Требаше да стане“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×