Сензационално враќање на Ериксен во Тотнем?

by
1 минути читање

Ериксен не се снајде во Интер и наредниот месец ќе си замине од италијанскиот клуб во потрага по средина каде би играл повеќе.

Според италијанските медиуми, Жозе Мурињо го сака Данецот назад. Португалскиот стратег верува дека по неуспешната авантура во Интер, Ериксен сфатил дека Тотнем е неговиот клуб и би бил од голема корист во продолжението од сезоната.

Тотнем е подготвен да плати 35 милиони евра за да си го врати Ериксен, Интер би прифатил таква понуда, но не се исклучува можноста некој да понуди и повеќе пари за Данецот.

Се очекува брзо во јануари да биде решена иднината на Ериксен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×