168
Челси е во криза, на последните пет натпревари од Премиерлигата има само една победа, денеска тимот на Лампард им приреди ново разочарување на своите навивачи откако на домшан терен одигра 1-1 против Астон Вила.
Лампард направи неколку промени во составот во однос на претходните натпревари и се чинеше дека тоа вродува со плод откако Жиру во 34. минута постигна гол за водство од 1-0.
Но по пет минути игра во второто полувреме Ел Гази го изедначи резултатот на 1-1 што беше и конечен резултат.
Ремито го носи Лампард чекор поблиску до отказ, а како нов потенцијален тренер на Челси се посочува Томас Тухел.