Дали Манчестер јунајтед може да добие службена победа против Манчестер Сити и финале во Лига купот?

by
1 минути читање

Манчестер Сити
пред дуелот со Њукасл на Боксинг деј пријави четири случаи на ковид-19, но
новите тестови донеле поголем број позитивни случаи на коронавирус. Сигурноста
на „меурот“ е компромитирана, па „граѓаните“ вечерва нема да играат против
Евертон, дербито е одложено.

Според правилата,
сите оние кои се позитивни на ковид-19, мора да бидат во самоизолација во период
од 10 дена, па затоа под знак прашалник се дуелите со Челси во недела и
полуфиналето во Лига купот против Манчестер јунајтед следната среда.

За овој вториот
меч веќе започна голема дебата, и се постави прашањето дали „ѓаволите“ на зелена
маса можа да го добијат натпреварот и со службена победа да се пласираат во
финале.

Оваа сезона,
неколку клубови мораа да го предадат мечот во Лига Купот поради голем број на
позитивни случаи на ковид-19.

Сепак, Манчестер Сити не треба да стравува за вакво сценарио, според правилата, не може службено да се загуби по 4. коло

Можно е и ова да ти се допаѓа

×