Солшер е импресиониран од Кавани, Уругваецот може подолго да остана на Олд Трафорд

by
1 минути читање

Во изминатиот период Кавани не беше често стартер, но кога и да влезеше во игра правеше значаен допринос, или гол или асистенција кои му помагаа на тимот да освои бодови.

Така беше и на последниот меч против Лестер кога Кавани асистираше за гол на Фернандеш.

„Тој е дефинитивно играч кој на ниво на стартер, фудбалер со неговите квалитети не можам да го квалификувам на друг начин“, вели Кавани.

„Му верувам, имаме голема конкуренција во тимот, но дефинитивно ќе стартува на повеќе натпревари во иднина“.

„Тој е толку педантен, професионален, неговите навики… се што има покажува зошто ја имал таа кариера која ја имал“.

„Во моментов изгледа како да има уште неколку години на највисоко ниво, без разлика на годините тој е еден од најподготвените фудбалери кои ги имаме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×