184
Аргентинецот
имаше сериозни недоразбирања со Жозеп Мариа Бартомеу, а конфликтот се зголеми
по трансферот на Луис Суарез во Атлетико.
Лео Меси тешко се
помири со ова и сега уште еднаш ја критикуваше Барселона за начинот на кој се разреши
ситуацијата и околностите под кои Уругваецот замина.
„Решив да заминам
пред Луис Суарез да биде набркан. Но она што раководството го направи, според мене е
лудост. Ем го дадоа за беспари, ем му го исплатија договорот, ем го пратија во
директен ривал, клуб кој се бори за истите титули со нас“ – вели Аргентинецот во
разгвор со Жорди Еболе.