28. декември во
Шпанија и поголемиот дел од Латинска Америка е денот на шегата, она што кај нас
е 1. април.
Во духот на мајтапот,
каталонскиот весник Мундо Депортиво објави дека Жерард Пике решил да се кандидира за
претседател на Барселона. Дефанзивецот повлекол ваков чекор за со својата харизма и капацитет за бизнис да му помогне на
клубот кој го сака.
Во моментов
Шпанецот се рехабилитира од повреда на коленото, се уште не е познато дали ќе може
да се опорави целосно со конзервативна метода или ќе мора да оди на операција, па
додека е во исчекување, решил да се пушти во трка за претседателската фотелја.
Тој планира паралелно да биде и претседател и играч, иако вторава функција ќе
биде симболична, ќе придонесува со своето искуство и ќе им помага на помладите
играчи.
Дефанзивецот
побарал од раководството 65.000 ливчиња за да ги обезбеди потребните потписи, а
разговарал и со в.д. претседателот Карлес Тускетс за да се направи промена на
статусот на Барселона, со оглед на тоа дека во моментов активен фудбалер не
може да биде претседател.
МД откри и дел од
плановите на Жерард Пике за зголемување на приходите во овие тешки времиња.
Дејвис куп ќе се игра во новата „Палау Блауграна“ а „Камп Ноу“ ќе стане редовно
место за концерти на најголемите музички имиња.
Дури размислува и
да сними реално шоу за своето семејство во стилот на Кардашијан. Се што треба а
да се зголеми приходот!