Милан ставил на маса плата од 7 милиони за Донарума, Рајола им одговорил дека имаат побогати понуди од Јуве и Интер

by
1 минути читање

Џиџо Донарума ја
одработува последната година од договорот, Милан прави напори да го задржи, и според
пишувањата на Кориере дела Сера, на маса е ставен предлог за продолжување на
соработката со годишна плата од 7 милиони евра.

Сепак, Мино
Рајола ја мати водата, контроверзниот агент бара повеќе и ги плаши „росонерите“
со трансфер во редовите на лутите ривали, наводно Џиџо Донарума имал побогати понуди од Јувентус и Интер.

Останува да се
види дали двете страни ќе пронајдат заеднички јазик, 21 годишниот голман е
привирзан за Милан, ова е клубот за кој навивал како дете, па тоа може да има
голема улога при носењето на одлука.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×