„Спарси“ синоќа
испуштија победа на гостувањето кај Вулверхемптон. Поведоа уште во првата
минута, но потоа креираа малку шанси, решија со дефанзивен пристап да стигнат
до трите бода, но ова им се удри од глава во финишот на мечот, Саис погоди за
1-1 во 86. минута.
Ова не се случува
за прв пат, Тотнем оваа сезона има загубено 9 бода во последните 10 минути, најмногу од
сите екипи во Премиерлигата и Џејми Реднап вели дека за ова е виновен Жозе Мурињо и
неговите негативни тактики.
„Секако дека се
разочарани, ги имаа трите бода во раце“ – вели поранешниот играч на Тотнем.
„Штом упорно
седите назад и играте дефанзивно, сами си барате проблеми. Не е прв пат да им
се случи ова, веќе го видовме истиот расплет на неколку натпревари, веќе станува
шема. Колку почесто се случува, толку понегативно се одразува врз играчите“.
„Почнуваат да
мислат, „Ќе ни се повтори“. Им останува во потсвест и ова е голем проблем за Жозе“.