306
Хуан Лапорта кој е фаворит во трката за нов претседател на Барселона, посакува да го врати Бељерин во клубот. Тој иако нема играно за првиот тим на Каталонците, потекнува од нивната школа.
Арсенал не сака да се раздели со Бељерин, но тешко дека ќе може да се справи со притисокот кој го носи интересот на Барселона за фудбалер кој бил дел од нивната школа.
Знаејќи го тоа тие веќе се насочија кон пронаоѓање на негова замена, го сакаат Тарик Лемпти кој има впечатливи настапи за Брајтон оваа сезона.
Тој има 20 години и е дел од репрезентацијата на Англија У21. Се верува дека пред него е голема фудбалска иднина, а покрај Арсенал го следат и Баерн Минхен и Манчестер Сити.