172
Челси денеска со почеток во 18:30 часот игра против Астон Вила нов меч во Премиерлигата кој ќе биде шанса за рехабилитација по поразот од Арсенал.
„Ќе има промени. Секако требаше да има промени бидејќи играме два меча за 48 часа, но ќе има и промени во тимот поради начинот на кој го одигравме мечот со Арсенал“, вели Лампард.
„Играчите кои ќе ги внесам треба да вбризгаат енергија во нашите перфроманси. Причината поради која имавме толку меча без пораз е тоа, и треба што побрзо да им се вратиме на победите“.
„Натпреварот против Арсенал треба да ни биде една голема лекција на сите, бидејќи првото полувреме беше најлошото наше издание досега и не сакам повторно да се случи“.