743
Според информациите на „Телеграф“, Фоден е незадоволен од својот статус во Манчестер Сити, 20-годишниот фудбалер смета дека многу почесто треба да биде на теренот.
Но и покрај неговото незадоволство, англискиот весник тврди дека тој нема намера да бара трансфер, сака да остане и да продолжи да се бори за место во тимот.
Пеп Гвардиола претходно изјави дека Фоден е иднината на Сити и има огромен потенцијал да биде голем играч, но треба да биде трпелив и да не брза.
Во меѓувреме во Шпанија се појавија и шпекулации дека Реал Мадрид почнал да се интересира за Фоден.