Мурињо: Фрустриран сум

by
1 минути читање

Тотнем водеше од првата минута со гол на Ндобмеле и не ги освоои трите бода од гостувањето кај Вулверхемптон. Примија гол во финишот за конечни 1-1.

„Фрустриран сум. Бод против Вулвс нормално не би бил лош резултати бидејќи тие се силен противник. Но кога ќе постигнете гол во првата минута и ќе ја имате контролата на играта во остатокот од мечот и имате 89 минути да постигнете уште голови, тогаш е фрустрирачки“, вели Мурињо.

Запрашан зошто игра дефанзивно и покрај напаѓачкиот талент кој го има, Мурињо одговори: „Не сакам да зборувам многу за тоа. Знам како го подготвувам тимот, знам што барам од фудбалерите, знам што им кажав на полувремето, го знам сето тоа и не би сакал да зборувам многу. Би сакал да ги пофалам играчите на Вулвс кој не притиснаа, но тоа беше притисок со кој добро се справуваме и го контролиравме мечот многу добро. Но ја немавме таа амбиција и желба да одиме на повеќе голови“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×