259
ВБА со легендарниот Сем Алардајс му приреди шок на Ливерпул, му откина два бода и тоа на негов терен. Ова се првите загубени бодови на Енфилд оваа сезона за тимот на Јирген Клоп.
Натпреварот почна одлично за Ливерпул, Мане постигна гол уште во 12. минута за водство од 1-0.
Во второто полувреме Ливерпул се мачеше да креира шанса, а ВБА се почесто се закануваше од контранапади.
Во 82. минута Ајаи погоди со глава за израмнување на 1-1, тоа беше и конечниот резултат на мечот. Ливерпул не успеа во последните минути да дојде до ново водство.
Лош резултат за навивачите на Ливерпул, но исход кој ја прави поинтересна Премиерлигата.