169
Актуелниот договор на Модриќ со Реал Мадрид истекува по крајот на оваа сезона, Хрватот ќе стави потпис на нов кој ќе му заврши во јуни 2022.
Кога ќе стави потпис на договорот, тој ќе комплетира декада во Реал Мадрид откако на Бернабеу се пресели од Тотнем во 2012 година.
Досега во Реал Мадрид тој освои четири трофеи во Лигата на шампионите, два во Ла Лига, и неколку други титули, вклучувајќи ја и Златната топка на индивидуално ниво со која ја разби доминацијата на Меси и Роналдо.
Со перформансите во изминатите натпревари, 35-годишниот фудбалер ја заработи понудата за продолжување на договорот.