174
Малку кој му даваше шанси на Арсенал против Челси, но тие не само што победија, туку тоа го направија на одличен начин.
„Јасно е дека ова е навистина голема победа за нас. Бевме навистина разочарани и фрустрирани од резултатите, не толку многу од перформансите, туку од резултатите“, вели Артета.
„Фудбалерите страдаа, нашите фанови страдаа, и денеска навистина е посебен ден. Не може да биде подобро, Боксинг деј, играње лондонско дерби на Емирати и победа на овој начин“.
„Се надевам дека ова ќе биде пресвртна точка и ќе го наполни тимот со самодоверба бидејќи јас знам дека тие можат да игираат на ова ниво“.