Гвардиола: Фоден сака да го освои светот веднаш, но треба да олабави малку, да ја тргне ногата од гас

by
1 минути читање

Фил Фоден од октомври нема стартувано на последователни натпревари иако 20-годишниот фудбалер постојано импресионира кога е во игра. На последниот настап постигна гол против Арсенал во Карабао купот.

По заминувањето на Давид Силва се очекуваше Фоден полека да го завземе местото во стартниот тим на Пеп Гвардиола, но тоа шпанскиот стратег смета дека играчот треба полека да се пробива до ѕвездите.

„Тој има неверојатна енергија за момче од 19, 20 години, но треба малку да намали. Тој сака да го освои светот, сака да го изеде светот и сака да биде важен фудбалер. Тоа е нормално, но му треба повеќе искуство за да биде посмирен“, вели Пеп Гвардиола.

„Тој игра фудбал во ист ритам, а фудбалот мора да се игра во различен ритам. Понекогаш треба да одите, понекогаш треба да имате ритам, понекогаш треба да го промените ритамот“.

„Треба да го сфати тоа, но тоа доаѓа со искуство, а не со совет“.

„Не е лесно за млад играч како него во ваков клуб, играјќи големи мечеви, плус натпревари во националниот тим, но тоа е нормален процес за сите млади фудбалери“.

„Во последната третина од теренот, особено во шеснаесетникот, врвните фудбалери имаат трпеливост, ја имаат таа секунда или половина секунда да донесат одлука. Треба да го подобриме тоа кај него и ќе работиме на тоа“.

„Тој е еден од најневеројатните фудбалери кои ги имам видено на негова возраст. Во академијата на Барселона тренирав фудбалери на негов возраст кои беа неверојатни и направија долги кариери. Тие го имаа менталитетот на Фил и тоа е најважната работа“.

„Тој има се што е потребно за да игра со нас, ние го сакаме него. Има се што е потребно за да биде посебен, единствен“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×