Вулвс им забрани на своите фудбалери да одат во шопинг

by
1 минути читање

Тренерот на Вулвс, Нуно Еспирито Санто потврди дека клубот ангажирал луѓе кои ќе им ги купуваат потребните работи на фудбалерите, а тие нема да одат на пазарување со цел да избегнат потенцијално заразување од ковид-19.

„Имаме луѓе кои одат во шопинг и супермаркети за фудбалерите“, вели Санто.

„Треба да избегнеме било каков ризик бидејќи имаме мал состав и ќе си создадеме проблеми ако некој од играчите мора да отсуствува“.

„Не смееме да си дозволиме да го загубиме било кој играч, па им кажавме секојдневно да се чуваат и да внимаваат каде се движат“.

„И претходно на почетокот на пандемијата кога беше најстрого го правевме тоа, имавме луѓе кои купуваа за фудбалерите, потоа кога се подобри ситуацијата им рековме дека можат сами да одат и да си пазаруваат“.

„Сега поради новиот сој на коронавирус повторно ситуацијата е алармантна, новата мутација побрзо се шири, па пак треба да бидеме заедно и да се чуваме“.

„Ние сме привилигирани како професионалци во фудбалот, па многу луѓе се грижат за нас. Но тоа е невозможно за остатокот од општеството, секој треба да се грижи за себе“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×