Манчестер јунајтед го купи Роналдо од Спортинг Лисабон за 12 милиони фунти во август 2003 година. За време на шест сезони колку што беше на Олд Трафорд, Роналдо освои осум големи трофеи меѓу кои три во Премиерлигата и една во Лигата на шампионите.
„Кога потпиша за Јунајтед, мислев дека тоа им е лошо засилување. Па веќе не ме слушајте што зборувам“, на шега рече Том Вајт, новинарот на Скај Спортс.
Тјери Анри е на второто место иако многумина сметаат дека тој има поголемо влијание на Премиерлигата отколку Роналдо. Арсенал него го купи во летото 1999 од Јувентус за 11 милиони фунти. За време на осумте сезони на Хајбери, Анри беше дел од „непобедливите“, освои две титули во Премиерлигата и го урна клупскиот рекорд во постигнати голови.
„Кога потпиша за Арсенал се чудевме кој е овој фудбалер, но брзо дознавме. Анри за Арсенал беше апсолутно посебен играч кој се издвои од останатите“, вели новинарот Џим Вајт.
Листа на најдобри 20 трансфери во Премиерлигата:
1. Кристијано Роналдо
2. Тјери Анри
3. Ерик Кантона
4. Френк Лампард
5. Рој Кин
6. Дидие Дрогба
7. Сол Кембел
8. Вејн Руни
9. Винсент Компани
10. Алан Ширер
11. Мохамед Салах
12. Нголо Канте
13. Денис Беркамп
14. Вирџил ван Дајк
15. Џанфранко Ѕола
16. Давид Силва
17. Патрик Виеира
18. Еден Азар
19. Серхио Агуеро
20. Петр Чех