Клучен момент за промена бил поразот од Шахтар во Украина. По тој натпревар Рамос, Модриќ, Бензема, Крос и Касемиро отишле кај Зидан и му рекле дека не треба постојано да го менува стартниот тим, треба да одбере 11 фудбалери кои би играле постојано, би се воиграле и би создале компактен тим кој ќе донесе резултати.
Му се пожалиле дека постојаното менување на тимот создава само проблеми и не носи никаков напредок, напротив, се редат лоши резултати.
Зидан го прифатил предлогот на „тешкашите“ во Реал Мадрид и од тогаш кралевите почнаа да редат победи, шест по ред засега. Францускиот стратег одбра тим и менува само по потреба, кога играчите имаа повреди или кога на некои им треба одмор поради исцрпеност и собирање на свежина за некој следен предизвик.