38 годишниот Един
Терзиќ го има својот прв голем предизвик откако раководството на Борусија
Дортмунд реши да му укаже доверба и да го именува за тренер на првиот тим по
отказот на Лусијан Фавр.
Младиот стратег
оваа недела доби критики од Мехмед Шол, кој не е импресиониран од она што го
гледа и слуша.
„Неговата анализа
е провидна, како да кажете дека сонцето ќе огрее утре“ – беше една од замерките на легендата на Баерн
Минхен.
Во целата
дискусија реши да се замеша Јирген Клоп, кој застана во одбрана на својот колега од Борусија Дортмунд.
„Од каде Мехмед
Шол си зеде за право да коментира за работата на тренери? Тоа е како јас да почнам да
зборувам за производство на автомобили, а немам поим од тоа. Не знам зошто Мехмед
Шол мисли дека треба да им суди на младите германски тренери. Избегнувам да
говорам за вакви работи, но ми се чини дека тој постојано дава коментари за луѓе кои
не ги познава“ – вели предводникот на Ливерпул
„Шол се обиде
како тренер (беше кратко време тренер во младинските категории на Баерн) и видовме колку се разбира. А сега говори како да сркал мудрост со лажица“.
„Вели дека повеќе
не можел да ги слуша. Па ова беше првпат како тој млад тренер говори. Како
можете да кажете нешто вакво за тренер кој за првпат зборува пред јавноста?“